Ненад Димитријевиќ го има третиот најдобар потег сезонава во Шпанија (Видео)

Ненад Димитријевиќ одигра одлична сезона во дресот на Хувентуд и потврдува дека прераснува во одличен играч. Македонецот имаше просек од речиси 10 поени по меч сезонава, а се наметна и како еден од важните играчи во екипата.

Димитријевиќ имаше блескави моменти, но посебно за одбележување е потегот на дуелот против Барселона. Дриблингот и положувањето на Нено ги збуни сите на теренот, а навивачите на трибините во неверување се држеа за глава. Токму тој потег е прогласен за трет најдобар момент од кошаркарските терени во шпанското првенство.

Пред Димитријевиќ, на Топ-листата за најдобри потези во шпанската Ендеса лига за сезоната 2019/20 се единствено Џордан Мики (Реал Мадрид) и Џош Адамс (Уникаха).

- Оглас -

Најнови вести