Севилја чекаше 11 години да го освои „Сан Мамеш“, а тоа се исплати (видео)

Севилја не се предава во трката со Атлетико Мадрид за третото место во Ла Лига, тоа го покажа во пресвртот на гостувањето кај Атлетик Билбао од 2-1. Екипата на Хуле Лопетеги успеа да прекине 11-годишен пост без позитивен резултат на „Сан Мамеш“ во лигашка пресметка.

Капа му донесе на Билбао водство речиси по половина час, па гостите мораа да се мачат во поголемиот дел од средбата за да избегнат прв пораз по рестартот на сезоната. За да не се случи тоа, се погрижи Евер Банега со фантастичен погодок од слободен удар во 70-тата минута.

 

https://streamable.com/1jnagn

За пресвртот не се чекаше многу бидејќи Севилја веќе во следната посериозна шанса заби преку Ел Хадади, што беше доволно за победата и и израмнување со Атлетико на табелата со по 63 бода по 35 натпревари.

https://streamable.com/59ddct

- Оглас -

Најнови вести