Крај на неверојатната серија: Ливерпул по 17 победи на „Енфилд“ ремизираше со Барнли (видео)

Ливерпул не успеа да ја оствари 18-тата последователна победа на „Енфилд“ во оваа сезона, на неверјатната низа му дојде крајот по денешното гостување на Барнли. Избраниците на Шон Дајч ги скротија неприкосновените ѕвезди на Јигрен Клоп кои упатија 22 шута кон противничкиот гол, а постигнаа само еден погодок.

Робертсон во 34-тата минута ја затресе мрежата на гостите и се најавуваше нов лесен триумф на Црвените. Сепак, Барнли по примениот гол го издржа секој налет на домаќините, а преживеа и 100% шанса која не ја искористи Салах во вториот дел.

https://twitter.com/futurefights360/status/1281962995468443648

Потоа следуваше казна, Родригес израмни на 1-1 во 69-тата минута поставувајќи го конечниот резултат. Гостите можеа до направат сензационален пресврт, но ударот на Гудмунсон во 86-тата минута заврши во гредата.

https://twitter.com/futurefights360/status/1281974468668207106

- Оглас -

Најнови вести