Лацио се оддалечува од Скудетото, а денешниот пораз од 1-2 против Сасуоло е трет последователен за Небесносините во Серија А.
Тимот на Симоне Инѕаги продолжуа со лошата форма и доколку Јувентус вечерва триумфира против Аталанта во дербито, Бјанконерите ќе имаат 10 бода предност на табелата на шест кола до крајот на првенството.
Алберто заби за 1-0 во корист на Лацио во 33-тата минута, но неговиот гол не беше доволен да се освојат трите бода бидејќи Распадори израмни во 52-та минута, а Капуто во првата минута од судиското надополнување го оствари пресвртот на гостите.
https://www.dailymotion.com/video/x7uygk6