Чичко Кире уште е класа (фото)

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров вчера ѝ се приклучи на екипата на Нант за подготовките во пресрет на новата сезона кои почнуваат од 22 јули.

Во клубот се возбудени што Киро се појави на првиот состанок, а оттаму најавија дека 40-годишниот бомбардер уште има што да понуди.

„Бидете сигурни, Чичко Киро уште ќе држи лекции“, испратија порака од Нант како добредојде назад за Лазаров.

Нашата легенда ќе ја игра последната сезона во кариерата откако повлекувањето го најави уште пред две недели во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

- Оглас -

Најнови вести