Хјустон рокитс западна во огромни проблеми само на две недели од рестартот на сезоната во НБА-лигата. По Расел Вестбрук, со корона-вирус наводно се заразил и Џејмс Харден, првата ѕвезда на Ракетите.
Вестбрук во меѓувреме истакна дека ќе се приклучи на екипата која се наоѓа во Орландо и се подготвува за продолжувањето на првенството. Што се однесува за Харден, тој подоцна се приклучи на екипата за подготовките во Орландо, со објаснување дека имал семејни причини да отсуствува, што се протолкува како обид да се скрие веста дали е позитивен, или не.
Хјустон навистина немаше среќа бидејќи по последните тестирања од вкупно 322 тестови, има само два позитивни случаи, еден од нив е нивната ѕвезда Вестбрук. Харден пак денес добил дозвола да тренира со тимот за првпат по четири месеци пауза
Сезоната во НБА-лигата ќе продолжи на 31 јули.