Хјустон има голем проблем – Вестбрук е позитивен на корона-вирусот

Расел Вестбрук има позитивен тест на ковид-19, што е голем удар за Хјустон рокитс непосредно пред заминувањето за Орландо, каде што од 30 јули треба да се игра плејофот за титулата.

Атрактивниот бек на Ракетите ќе мора во карантин најмалку две седмици и во најдобар случај, ако следниот тест му биде негативен, ќе му се приклучи на тимот само ден-два пред стартот на плејофот.

„За жал, тестот покажа дека имам корона-вирус. Внимавајте, почитувајте ги препораките бидејќи вирусот постои и не е шега. Се надевам дека наскоро ќе му се приклучам на тимот и ќе бидам дел од плејофот во Орландо“, објави Вестбрук на социјалните мрежи.

Хјустон е на петтата позиција во Западната конференција и ќе мора да игра плејоф-серија за настап во првото коло во плејофот, но ако Вестбрук не биде подготвен за настап, тоа ќе значи голем удар за амбициите на клубот.

- Оглас -

Најнови вести