Спортска прогноза: Дерби и во Германија – Шампионот против лидерот

Во различно расположение, Баерн Минхем и Борусија Дортмунд во сабота (18.30 часот) ќе го одиграат 119-тото меѓусебно дерби во Германија. Популарното „der Klassiker“ може да ја обликува понатамошната борба за шампионската титулата во Бундеслигата, особено што по подолго време „баварците“ не се фаворити во овој дуел.

И двете екипи од изминатово лето се со нови предводници, Нико Ковач застана на кормилото на Баерн, додека Луцијан Фавр ја напушти Ница и сега со многу успех раководи со Дортмунд.

По долго време, Баерн по првите 10 првенствени натпревари не е на лидерската позиција на табелата, местото го презедоа „милионерите“ (24 бода), кои блескаат со учинок од седум победи и само три ремија (без пораз). Разликата е четири бода во однос на двете екипи, а Баерн засега е на трето место (20 бода), зад вториот тим на Борусија, односно Менхенгладбах.

Сепак, пред настапот на главната сцена, Баерн и Дортмунд играа и во Лигата на шампионите, па оттаму се вратија со различни исходи. Баерн рутинирано славеше со 2-0 над АЕК, додека Дортмунд од Мадрид се врати со пораз од Атлетико со 2-0. Дали ова ќе влијае врз „милионерите“ и ќе паднат на првиот голем тест сезонава или, пак, брзо ќе го надминат поразот, па сета фрустрација ќе ја истурат врз германскиот првак, ќе се знае утре во 18.30 часот.

Дербито Бaерн Минхен – Б. Дортмунд е еден од мечевите на кои можете да го прогнозирате исходот и да ви помогне да освоите ваучери од Sport Life, a сето тоа ќе можете да го сторите на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

- Оглас -

Најнови вести