Фулам го потврдува пласманот во финалето за влез во англиската елита

Фулам – Кардиф сити (фудбал, Англија 2, плејоф, 20.45 часот)

По победата од 2-0 на гостувањето во Велс, за Фулам ова треба да биде рутинско одработување на 90-те минути и пласман во финалето од баражот за влез во англиската Премиер лига. Лондонскиот тим овојпат би можело да го има на располагање и првиот стрелец Митровиќ. Во текот на јули, Фулам двапати го победи Кардиф со по 2-0, по еднаш дома и на гости, и тоа треба да биде некаков показател што да се очекува вечерва.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.90)

 

Розенборг – Викинг (фудбал, Норвешка, 20.30 часот)

Двата тима во различно расположение влегуваат во двобојот. Розенборг киксираше во минатото коло, а Викинг ја крева формата и има две победи по ред. Розенборг е тим со најмалку примени голови во лигата, но ефикасноста не им е баш за пофалба. Моментната форма е на страна на гостите, но традицијата ги фаворизира домашните. Викинг 15 години не знае за победа во Трондхајм и од последните четири посети таму губеше барем со два гола разлика.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Поли Јаши – Волунтари (фудбал, Романија, плејаут, 19.30 часот)

На Поли победата му треба за опстанок. Овој тим во последните три кола освои само два бода и триумфот против Волунтари е со предзнак задолжително. Волунтари ја има убедливо најцврстата одбрана во плејаут-лигата на Романија, па на домашните, кои и онака се под притисок, нема да им биде лесно. Волунтари на последните три гостувања во Јаши даваше по два гола, но тоа беше лани и преклани. Пред еден месец беше 1-0 за Волунтари, кој имаше улога на домаќин.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

Адана Демирспор – Карагумрук (фудбал, Турција 2, плејоф, 20.00 часот)

Адана во полуфиналето ја елиминираше Бурсаспор, а Карагумрук беше подобар од Акхисарспор, па можеби и двата тима заслужуваат место во турската Суперлига, но место има само за еден. Финалето се игра во еден меч, Адана е домаќин, а екипите ќе имаат чест да им суди најпознатиот турски фудбалски арбитер Џунејт Чакир. Адана е фаворит на хартија, но Карагумрук во полуфиналето покажа дека е незгоден гостин. Меѓусебните дуели сезонава им завршија нерешено (1-1 и 2-2).

Предлог тип: ГГ (1.73)

 

Лозана Оуши – Лозана (фудбал, Швајцарија 2, 20.30 часот)

Ова е градско дерби во втората швајцарска лига. Гостите се лидери на табелата, но имаат два порази по ред и редно е да им се вратат на победите. Оуши има седум бода во последните три кола, но не се борат ни за опстанок, ни за влез во елитата. Станува збор за меч за престиж, секогаш е добро да се победи локалниот ривал. Сезонава овие екипи се сретнаа трипати и секогаш барем едниот тим не успеваше да даде гол.

Предлог тип: 1-3I & 1-3 II (1.68)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Розенборг – Викинг 1 пдг & 3+ (2.75)

Арау – Грасхоперс 2 & 3-5 (2.50)

Фулам – Кардиф сити Х било кога (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести