Тун патува во Цирих по опстанок, во Крајова се решава титулата

Лахти – Хонка (фудбал, Финска, 17.30 часот)

Хонка е интересен тим кој не знае за пораз во шесте кола, а има дури четири нерешени игри. Со само четири примени голови, тие се на делба на првото место според најцврста одбрана во финската лига, но ефикасноста не им е појака страна. Лахти во пет кола има само едно реми и скромна гол-разлика од 6-8. Лахти нема дадено гол на свој терен сезонава во 180 минути игра, додека Хонка одигра 0-0 и 1-1 на двете гостувања. Лахти пред е ден и пол месец ја победи Хонка на гости во купот со 1-0.

Предлог тип: 2-3 гола (1.95)

 

Лиепаја – Рига ФК (фудбал, Летонија, 19.00 часот)

Рига е најсилен тим во Летонија, тоа го докажува со десетте победи во 11 кола сезонава, и прими само 7 гола во 11 меча. Лиепаја е во долниот дел на табелата, има ист број бодови со претпоследниот на табелата. Во летонската лига има публика на трибините, но во ограничен број, па гостите не треба да се грижат од некаков притисок. Рига има девет победи по ред. Есеноска кога Рига гостуваше во Лиепаја, мечот заврши 2-2.

Предлог тип: 2-2 (2.12)

 

Универзитатеа Крајова – Клуж (фудбал, Романија плејоф, 19.30 часот)

Дуел на двете најдобри екипи во Романија, дерби кое можеби ќе го одлучи првакот, и притисокот ќе биде огромен. Од Втората светска војна наваму, во Романија само еднаш првакот се одлучувал во директен дуел на конкурентите во последно коло. Ако Крајова победи, ќе биде првак. Клуж ако победи, ќе биде шампион. Но, ако вечерва заврши нерешено, тогаш титулата ќе се решава на гостувањето кај Крајова кај Астра во заостанатиот меч. Крајова го има најсилниот напад во плејофот, а Клуж најдобрата одбрана. Клуж во февруари славеше во Крајова со 2-0, но на крајот на јуни во Клуж, победија гостите со 3-2. Голови им требаат на двата тима.

Предлог тип: ГГ (1.95)

 

Норчепинг – Мјалби (фудбал, Шведска, 19.00 часот)

За Норчепинг кој е првопласиран во шведската лига, ова треба да биде натпревар кој ќе го добие и на кој ќе влезе во победнички ритам, задржувајќи се на врвот. Пред три кола Норчепинг го претрпе првиот пораз, а потоа освои четири бода на два меча. Фаворити се домашните и типуваме на единица, бидејќи Мјалби во последните четири кола има освоено само еден бод. Ова е прв меѓусебен дуел на овие тимови од 2014 година наваму.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.05)

 

Цирих – Тун (фудбал, Швајцарија, 22.00 часот)

На Тун му треба победа за сигурен опстанок, и веруваме дека ќе извојуваат победа. Откако си обезбеди опстанок, Цирих делува незаинтересирано реди само порази, има шест порази едноподруго. На Тун му значи да остане во елитата, во последните шест кола нема ниту еден пораз. Сион чека кикс на Тун, но тешко дека ќе дочека. На 1 јули, Тун дома го победи Цирих со 3-2 со сите пет гола во прво полувреме, но на гости, Тун ги губеше последните три посети во Цирих.

Предлог тип: 2 (1.72)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Норчепинг – Мјалби Т1 1+I & T1 2+ (1.95)

Базел – Луцерн 1 & 2-5 (3.00)

Рос каунти – Мадервел 1+I & 3+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести