Нани ги избезуми Американците, со две мајстории го однесе Орландо во финалето на МЛС (Видео)

Португалскиот ас Луис Нани, е најзаслужен што Орландо сити ќе игра во финалето на плејофот во МЛС лигата. Тој со два гола го донесе својот тим во водство од 2-0 против Минесота, а конечниот резултат беше 3-1. Нани кој има 33 години, со головите кои паднаа во првото полувреме, уште еднаш докажа каков фудбалски мајстор е.

Најпрвин одлично ја смири топката и си создаде шанса која ја претвори во гол. Погледнете каков прием на топката и снаодливост имаше Нани:

https://twitter.com/i/status/1291554953471852544

Потоа, екс играчот на Манчестер јунајтед како да почувствува дека ова е негова вечер, па со прекрасен шут при кој топката имаше неверојатен лак при патувањето кон голот, го удвои водството на Орландо:

https://twitter.com/i/status/1291576874011959296

Во финалето, Орландо ќе игра против Портланд тимберс.

- Оглас -

Најнови вести