УЕФА му ги брои патниците на Наполи во експедицијата што ќе патува попладнево за Барселона, а има строго лимитиран број на патници, поради пандемијата со Ковид-19.
Во Барселона се разгоре пандемијата со корона-вирус, но и покрај се УЕФА и дозволи на Барса да го игра реваншот на свој терен, на „Камп Ноу“ утре од 21 часот.
Забраната стаса за Наполи, па дел од менаџерите и директори во клубот, но и од техничкиот персонал нема да патуваат за Барселона, поради одлуката на УЕФА.
Во 23-члената фудбалска експедиција на Наполи е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој беше резерва на првиот меч во Неапол и не доби шанса да игра.
📃 We've named a 23-man squad for #BarçaNapoli
💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/sp8hCHL3l4
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) August 7, 2020
Наполи бараше да не се игра на „Камп Ноу“, но УЕФА одлучи поинаку, откако доби гаранции од каталонскиот кризен штаб за справување со пандемијата дека е безбедно да се игра во Барселона, и покрај големиот број на нови случаи заразени со корона-вирус.
Првиот меч во Неапол заврши нерешено, 1:1, а победникот од двомечот ќе игра четвртфинале, релиси сигурно против Баерн, екипа што вечерва во ист термин го чека Челзи во Минхен на реванш со предност од 3:0.