Буфон со интересно прашање го дочека тренерот Пирло: Дали сега треба да те нарекувам господине?

Андреа Пирло вчера неочекувано беше наименуван за нов тренер на Јувентус. Некогашната фудбалска легенда доаѓа на местото на Маурисио Сари кој доби отказ по елиминацијата на Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампиони од Олимпик Лион.

Само неколку часа по отказот на Сари, челниците на Старата дама објавија дека Пирло добива шанса да биде тренер. Тоа е помалку чуден потег ако се знае дека Пирло пред само 10 дена беше назначен за тренер на Б тимот на Јувентус. Некогашниот играч на гигантот од Торино нема речиси никакво тренерско искуство, а сега добива шанса да го води најтрофејниот клуб во Италија.

Меѓу фудбалерите на кои треба да им биде тренер, Пирло го има и Џанлуиџи Буфон. Легендарниот голман е за една и пол година постар од новиот тренер, со кого четири години беше соиграч во Јувентус, а заедно одиграа и повеќе од 100 меча во репрезентацијата на Италија. Буфон има 42 години и 194 дена, а Пирло има 41 година и 82 дена.

Буфон на необичен начин му посака добродојде на новиот тренер. На социјалните мрежи постираше фотографија на која е прегрнат со Пирло, а во описот напиша: „Дали сега треба да те викам господине!? Среќно во овој нов предизвик Андреа“.

 

View this post on Instagram

 

‪Quindi ora devo chiamarti Mister!?!?! ‬ ‪In bocca al lupo per questa nuova sfida Andrea! ‬ ‪#CoachPirlo ‬

A post shared by Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) on

- Оглас -

Најнови вести