Шахтар ќе закаже полуфинале со Интер, недостатокот на искуство ќе им наштети на Волците

Шахтар – Базел (21ч)

Подобриот од овој дуел кој ќе се игра на „Велтинс арена“ во Гелзенкирхен ќе се соочи со Интер во полуфиналето во Лигата на Европа, а Украинците ја имаат улогата на фаворити на хартија. Овие две екипи од 2008 година се немаат сретнато во европски рамки.

Во таа година Шахтар на двапати го доби Базел во групната фаза со 5-0 и 2-1, затоа најавите се дека сличен ќе биде исходот вечерва. Шахтар покажа доминација во двомечот против Волфсбург и нема намера да застане тука.

Предлог тип: 1X & 2-4 (1.86)

 

Вулверхемптон – Севилја (21ч)

Севилја е една од најуспешните екипи во Лигата на Европа, но нема толку лесно да помине против опасните Волци. Андалузијците се фаворити на хартија, но нема да биде изненадување доколку Вулверхемптон излезе како победник од овој дуел и да закаже англиско полуфинале против Манчестер јунајтед.

Волците речиси по половина век се најдоа во топ-8 фаза во едно европско натпреварување, па можеби е време да се поместат нови граници.

Предлог тип: ГГ3+ (2.75)

 

Специја – Киево (21ч)

Киево има удобни 2-0 од првата средба, меѓутоа тој резултат не им гарантира пласман во финалето на Летечките магариња. Како и да е, тимот од Верона е поблиску да биде прв финалист во плејофот преку кој се стига до италијанската елита.

Во текот на сезоната Специја издвои подобар учинок од лигашкиот двомеч со триумф од 3-1 и реми без голови. Тоа значи дека домаќините знаат како да стигнат до голот на Киево, прашање е дали ќе ја анулираат негативата.

Предлог тип: 1X & 0-3 (1.57)

 

Никола Вучевиќ (Орландо меџик – Бруклин нетс, 19ч)

Орландо и Бруклин се сигурни патници во разигрувањата од НБА-лигата, па затоа вечерва ќе се игра растоварено. Тоа му дава простор на Никола Вучевиќ да ги покаже квалитети и да влезе во силен ритам во пресрет на плејофот, затоа од него очекуваме да ја надмине границата од 23,5 поени.

Во шест меча досега Вучевиќ на трипати постигна 24 или повеќе поени, во останатите средби беше блиску до просекот, a интересно е што во три дуели против Бруклин сезонава ниту еднаш не успеал во таа намера.

Предлог тип: >23,5 поени (1.87)

 

Сан Антонио спарс – Хјустон рокетс (20ч)

Сан Антонио извиси за разигрувањата, но тоа не значи дека не треба во добро светло да се заврши сезоната. Триумф против ривалот од Тексас ќе биде мала утеха за неуспехот, меѓутоа се прашува и Хјустон дали ќе дозволи пораз.

Ракетите се разиграа откако продолжи сезоната и запишаа пет победи и само еден пораз. Доколку продолжат во исто темпо, имаат шанси да стигнат до третото место на кое стои Денвер. Двете екипи делат по еден триумф од претходните овосезонски средби кои се решаваа со еден кош, а се чини дека и вечерва ќе биде тесна пресметка.

Предлог тип: 2 хен. 3.50 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести