Овојпат еден Меси нема да биде доволен да ја сопре баварската машинерија

Барселона – Баерн Минхен (21ч)

Првпат се случува Барселона со Меси да не е фаворит во дуел против Баерн Минхен. Сега ќе нема двомеч, патникот во полуфиналето ќе се знае уште вечерва, па токму затоа се очекува спектакл и офанзивен став на двете страни.

Ова ќе биде седма пресметка на двата гиганти од 2009 година па наваму, во претходните шест само еднаш се случило да одиграат реми во нокаут-фазата, односно Баерн трипати остварил победа наспроти двата триумфи на Каталонците.

Баерн е фаворит според квоти не само поради формата, туку и играта која ја покажаа избраниците на Ханси Флик од рестартот на сезона, па досега. Тимот на Сетјен на моменти покажува сјај, но знае да биде и безидеен, а тоа може да ја чини Барса елиминација во топ-8 фазата.

Предлог тип: 2 (2.20 – понуда од Супер тип)

 

Перуџа – Пескара (21ч)

Пескара е поблиску до опстанок во Серија Б по триумфот од 2-1 во првиот меч остварен на домашен терен. Меѓутоа, Перуџа од 1994 година па наваму дозволи само двапати да биде поразена на домашен терен од Пескара, а кога слави победа, редовно забива два или повеќе погодоци.

Тоа значи дека на гостите никако не им е гарантиран опстанокот, особено што ги загубија трите последни гостувања во Перуџа. Сепак, домаќините се во негативна низа од три порази, што може да влијае врз нивниот настап вечерва.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.50)

 

Црвена ѕвезда – Спартак Суботица (19ч)

Двете екипи кои имаат перфектен скор по три кола се среќаваат во Белград. Ѕвезда тргна бескпрекорно и веќе три меча е без примен погодок. Формата може да се одржи ако се знае дека Црвено-белите имаат осум победи во низа против тимот од Суботица.

Спартак само еднаш во последните пет гостувања на „Рајко Митиќ“ не прими повеќе од три гола, па тоа може да биде најава за нов тежок пораз.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.71)

 

Торонто репторс – Денвер нагетс (19:30ч)

Торонто и Денвер ќе се загреваат за плејофот, овој дуел е последна подготовка за поважниот дел од сезоната во НБА-лигата. Шампионот создаде форма од три победи, Денвер пак заглави со два порази на крај, а тоа не е добар знак во пресрет на рундата против Јута џез.

На почетокот од март овие две екипи за првпат се сретнаа во сезонава, а Нагетси славеа со 133:118. Тоа им беше трет последователен триумф против Рептилите, но има шанси да дојде крајот на таа серија.

Предлог тип: 1 хен. -2,5 (1.90)

 

Индијана пејсерс – Мајами хит (22ч)

Вечерашната средба ќе им дојде како најава за битката во првата рунда. Индијана и Мајами треба да приредат неизвесни разигрувања, но ќе почнат уште вечерва да покажуваат кој е посилен.

Жешките ја имаат моралната предност со оглед на трите победи од претходно сезонава во меѓусебните дуели, а дополнителното отсуството на Ворен кај Пејсерси ќе биде голем хендикеп.

Предлог тип: 1 (1.83)

- Оглас -

Најнови вести