Неименуван прогнозер уплати 100 евра на 13 натпревари од Лига Европа и Лигата на шампионите, ги погоди првите 12, „му легнаа“ победите на домашнуте тимови, но падна на последниот пар, на Лајпциг – Атлетико, каде чекаше триумф на Шпанците. Ако победеше Атлетико, овој прогнозер ќе добиеше речиси 250.000 евра, поточно 249.553, што е фантастична сума.
Но, Јорганџиите беа изненадени од одличниот германски тим, па голот со кој Црвените бикови поведоа со 2-1, ги уништи надежите на овој човек дека ќе има добитен тикет.
Завчера по социјалните мрежи низ европските сајтови се појави и тикет на кој добивката беше 233.000 долари, но таму се чекаше победа на Аталанта против ПСЖ, а знаеме што се случи во 90-та минута и во судиското продолжение.