Солскјер: Заморени ни беа и нозете и главите, ни требаат засилувања

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, смета дека заморот бил клучен фактор за поразот од Севилја во полуфиналето на Лигата на Европа и додаде дека на тимот му требаат засилувања ако сака да се бори за титула во Премиер лигата.

„Голманот на Севилја беше фантастичен. Разочарувачки е што не дадовме гол во второто полувреме. Имаме голем број играчи кои знаат да дадат гол, но таков е фудбалот. Поставеноста при вториот примен гол ни беше ужасна. Бевме во добра форма и штета што завршивме вака. Видовте на крајот на мечот дека играчите беа уморни, заморени им беа и нозете и главите“, изјави Солскјер, кој додаде дека за борба за титула во Премиер лигата потребни се засилувања, со што би имале поголема ротација. За купување нови играчи имаат рок до 5 октомври.

Солскјер синоќа не помогна да ја освежи екипата бидејќи првата замена ја направи дури во 87-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести