Фантастично отворање на разигрувањата во НБА-лигата приредија кошаркарите на Денвер нагетс и Јута џез. Денвер дојде до водство во серијата против Јута со конечни 135:125 по продолженија, откако двете екипи беа неразделни во регуларниот период при 115:115.
Two-man game getting it done! https://t.co/8GTRYKsYfY
— Denver Nuggets (@nuggets) August 17, 2020
Извонредното издание на Донован Мичел и неговите поени не беа доволни за Јута да обезбеди триумф, не можеше сам да се соочи со дуото на Нагетс Јокиќ – Мареј. Во дополнителните пет минути Мареј влезе во одлична шутерска серија, што беше премногу за Џезерите кои жалат што не го решија мечот во регуларно време.
Мичел заврши со 54 поени и беше блиску до троен учинок при 9 скока и 7 асистенции. На другата страна, Мареј предводеше со 36 поени, Јокиќ придонесе со дабл-дабл од 29 поени и 10 скока.
another level pic.twitter.com/9YYHcd4AmK
— Utah Jazz (@utahjazz) August 17, 2020