Шампионот му најави метла на Бруклин нетс, Ванвлит погоди удар за милион долари (Видео)

Торонто репторс повторно го декласираше Бруклин нетс, вечерва со 117:92 и води со убедливи 3:0 во плејоф серијата од првото коло во Источната конференција.

Мечот го одбележа извонредниот бек на шампионот, Фред Ванвлит со тројка од половина терен, удар со кој се добиваат милион долари во специјалната наградна игра што честопати се организира на мечевите во НБА лигата.

https://twitter.com/NBA/status/1296879855783555074?s=20

Ванвлит пак беше одличен и постигна 22 поени како втор стрелец во победничкиот тим зад Паскал Сијакам, кој уфрли 26 поени, комбинирани со 8 скока.

Кај поразениот тим единствен расположен кошаркар беше Тајлер Џонсон со 23 поени, но тоа беше премалку за подвиг и прва победа на Бруклин. Џерет Ален забележа 17 скока, рекордни за него во плејоф.

Торонто ќе има шанса и за популарната метла, односно за пробив во второто плејоф коло без пораз, ако успее да ги надигра Нетс и во четвртиот дуел закажан за 25. август половина час по полноќ.

 

- Оглас -

Најнови вести