Руналд Куман ќе мора да направи целосна реконструкција на тимот за Барселона повторно да биде меѓу главните конкуренти на меѓународната сцена. Подразбирливо беше дека новиот тренер на Каталонците ќе сака да создаде мала холандска колонија на „Камп ноу“, а таа треба да започне со ангажманот на Дони Ван де Бек.
Ајакс успеа да го задржи одличниот играч за врска во изминатата сезона по покажаниот интерес од Реал Мадрид, но се чини дека Ван де Бек ова лето дефинитвно ќе се пресели во Шпанија. Копјаниците одредија дека Ван де Бек вреди измеѓу 45 и 50 милиони евра.
Со оглед на тоа дека Барселона значително ќе троши во претстојниот период, планот е да се вклучи Луис Суарес во понудата за Ван де Бек. за да се заштеди некоја пара за останати засилувања. Размена на овие двајца фудбалери плус 20 милиони евра на сметка на Ајакс е првата понуда која Барса планира да ја достави до „Јохан Кројф арена“.
Останува да се види дали Ајакс ќе прифати, или пак ќе бара целосна сума, но иствремено Куман треба да разговара со Суарес и да го убеди дека нема иднина на „Камп ноу“, кој пак не размислува за заминување.