Веќе стана пракса, Јувентус пак го преслуша Милан (Видео)

Марио Манџукиќ и Кристијано Роналдо со по еден гол во мрежата на Џанлуиџи Донарума му донесоа мошне важна победа на Јувентус во дербито на 14. коло во Серија А.

Текот на мечот можеше да го смени Гонзало Игуаин, но напаѓачот на Милан на позајмица токму од Јувентус промаши пенал во 41. минута, при резултат 0:1.

Манџукиќ беше стрелец во 8. минута, потоа Игуаин промаши од белата точка, потоа Роналдо казни со погодок во 81. минута, а за да биде комплетно трагичар на мечот Игуаин се погрижи во 83. минута, кога беше исклучен.

Јувентус станува вистински кошмар за Милан и вечерва ја забележа шесттата победа по ред против големиот ривал.

Шампионот на Италија е и лидер со 34 бодови, а Милан остана на петтото место со 21 бод.

https://www.youtube.com/watch?v=gmeIV4TzREI

- Оглас -

Најнови вести