„Портокалова револуција“ во Јувентус (Фото)

Јувентус од денеска го пушти во продажба третиот дрес со кој тимот ќе игра во следната сезона на некои гостувања. За првпат во клупската историја, Јуве ќе игра во портокалови дресови. Изборот на боја е чуден, а од клубот објаснија дека портокаловата боја со црни мотиви го рефлектирала духот на тимот додека е на терен и потсетувала на виталност.

Изборот на дизајнерката Франческа Вентурини е интересен и ќе предизвика многу коментари. Во улога на манекени беа и најголемите ѕвезди Кристијано Роналдо и Пауло Дибала.

- Оглас -

Најнови вести