Македонската фудбалска репрезентација ја започнува последната мисија за освојување на првото место во групата од Лигата на нациите. Националниот тим денеска започнува со подготовки за гостувањето кај Лихтенштајн. Дуелот се игра в петок, а потоа следи и последниот дуел, и тоа против Гибралтар во Скопје на 19-ти овој месец.
Од денеска започна продажбата на билетите за дуелот на „Филип Втори“ против Гибралтар. Цената на билетите е по 100 и 150 денари. Македонија моментно е лидер со 9 бодови, пред Ерменија со 6, колку што има и Гибралтар. Лихтенштајн е без шанса само со три бода.