Јувентус чека да се отвори прилика да тргне по потписот на Суарес

Италијанскиот првак Јувентус ќе се обиде да го ангажира Луис Суарес без отштета, доколку Уругваецот успее да го раскине договорот со Барселона. Големи се шансите Суарес да стане слободен играч откако новиот тренер Роналд Куман му појасни дека нема да смета на неговите услуги.

Иако напаѓачот на Каталонците првично настојуваше да остане во клубот, најавите се дека ќе прифати предвремен прекин на соработката доколку му бидат исплатени преостанатите 25 милиони евра од договорот со Каталонците.

Јувентус во меѓувреме трпеливо ја чека разврската околу овој случај и ќе тргне по потписот на ексѕведата на Ливерпул. Од порано е познат рецептот по кој работи италијанскиот првак на трансфер пазарот, да ангажира врвни играчи без отштета, а токму ангажман на Суарес може да биде следната успешна операција.

- Оглас -

Најнови вести