Локомотив Пловдив синоќа успешно го мина првото квалификациско коло од Лигата на Европа, откако на гостински терен минимално со 1:0 славеше против Искра од Црна Гора. Во тимот на Локо од Пловдив нема ниедно звучно фудбалско име, но клубот стана препознатлив по атрактивната докторка која ја имаат ангажирано.
Докторката Лилија Стефанова е задолжена за психичката подготвеност на фудбалерите пред натпреварите. Таа им дава совети на играчите, кои често знаат да се задржат и подолго од предвиденото кај докторката.
View this post on Instagram
Атрактивната блондинка вели дека кога започнувала со работа, не верувала дека ќе работи во некој фудбалски клуб.
„Некој претходно да ми кажуваше дека срцето ќе ми чука за некој фудбалски клуб, немаше да му верувам. Сега тоа чука за моите шампиони“, има напишано Стефанова, во една од своите многу објави на Инстаграм.