Евертон ги договори условите со Наполи околу потписот на Алан. Прифатени се 25 милиони евра, но трансферот може да стигне до сума од 30 милиони евра доколку се активираат одредени бонуси.
Карло Анчелоти го добива миленикот од „Сан Паоло“, и тоа за сума двојно помала од онаа која Наполи ја бараше минатата година. За потсетување, за бразилскиот играч за врска лани се интересираа ПСЖ и Атлетико Мадрид, при што беше одбиена понуда од 55 милиони евра од Јорганџиите.
Евертон ќе му плаќа по 80.000 евра неделно на 29-годишниот Алан во следните три години, а напоредно клубот работи да го обезбеди потписот на Хамес Родригес од Реал Мадрид.