Наполи повторно одби понуда за Алан – Малку се 55 милиони евра од Атлетико

Алан ќе продолжи да игра за Наполи, каде што е една од главните алки во составот што има големи амбиции, а вицешампионот на Италија одби нова одлична понуда за трансфер на Бразилецот во Атлетико Мадрид.

Атлетико понуди 55 милиони евра за играчот од средниот ред, кој би бил идеална замена за Родри, играч што се пресели во Манчестер сити.

За Алан, Наполи има понуда и лани стигна од Париз, но и ПСЖ остана со празни раце и не успеа да го ангажира бразилскиот ас.

Дваесет и осумгодишниот играч за врска ќе ја игра и петтата сезона за Наполи, откако од Удинезе пристигна на „Сан Паоло“ во 2015 година. Алан има 8 настапи и за бразилската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести