Првиот Португалец кој победи на Мото ГП ќе се жени со својата полусестра!

Мигел Оливеира, возачот на Тек3 КТМ, минатата недела изненади во Мото ГП трката во Австрија остварувајќи победа, по што стана првиот Португалец кој триумфирал во кралската класа. Сега Оливеира повторно изненади, откако се откри дека чувал љубовна тајна цели 10 години.

Возачот на КТМ ќе се жени со својата полусестра Андреа Пијаменте, ќерката од вториот брак на неговиот татко. Двајцата се запознале кога Мигел имал 13 години и лудо се вљубиле, а врската ја обелодениле лани, откако ја запросил.

Иако морале да ја кријат својата љубов цела една деценија поради роднинската врска, нивниот татко го одобри бракот.

„Мило ми е што син ми ја најде вистинската жена во својот живот“, истакна таткото на Мигел.

 

- Оглас -

Најнови вести