Драма во последниот круг: Оливеира слави на јубилејната 900-та трка во кралската класа (фото+видео)

Изненадување на јубилејната 900-та трка во кралската класа на Мото ГП која се одржа во Австрија. Возачот на Тек3 КТМ Мигел Оливеира, ја оствари првата победа во својата кариера откако вози во кралската класа.

Оливеира најмногу искористи од битката меѓу Милер и Еспаргаро и буквално во последниот свиок Португалецот од третото место се најде на врвот. Ова е прва победа на португалски возач во Мото ГП, прва е и за тимот Тек3 КТМ, а за триумфот да биде уште посладок, Оливеира трката ја почна од седмото место.

Џек Милер заврши на второто место, Пол Еспаргаро ќе биде разочаран што ја испушти победата и заврши на третата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести