Крос: Меси во Реал? Не верувам, треба големи мад… за такво нешто

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, не верува дека е можен сензационален трансфер на Лионел Меси од Барселона во Реал затоа што не верува дека Аргентинецот има храброст за таков потег. Пред 20 години, Реал со многу пари го привлече тогашниот капитен и најдобар играч на Барса, Луиш Фиго, но овојпат мадриѓаните не се во игра за купување на Меси, кој најавува дека ќе си замине од каталонскиот гигант.

Крос, кој се подготвува за дербито од Лигата на нациите помеѓу неговата Германија и Шпанија, во која има играчи на Реал, одговараше и на прашања на новинарите поврзани со трансферот на Меси. Крос говореше и на поткастот на неговиот брат и таму го кажа своето мислење за шансите на премин на Меси во Кралскиот клуб.

„Не верувам дека Меси би дошол во Реал, треба да имаш мад… за такво нешто. Нема да бидам тажен ако Меси си замине, тој е еден од најдобрите во историјата, главно оружје на Барселона“, рече Крос пред да замине на прес-конференција.

- Оглас -

Најнови вести