Луис Хамилтон е меѓу првите кој доби прилика да го поседува и вози супербрзиот електричен автомобил на Мерцедес, моделот „EQS“. Станува збор за хибрид кој во продажба ќе излезе во 2021 година, а цената му е околу 80.000 фунти.
Автомобилот може да развие брзина од 0 до 100 километри на час за 4,5 секунди, моќниот мотор има 470 коњски сили, а со максимално наполнета батерија може да помине околу 700 километри.
Хамилтон во иднина ќе го користи новиот модел на Мерцедес со цел да ја заштити природната средина.