Фабијано не ја пушти Ѕвезда да се бори за нов пласман во групната фаза од ЛШ

Омонија беше подобра во пенал-рулетот против Црвена ѕвезда со 4-2 и се пласира во плејофот од Лигата на шампионите, каде што ќе се сретне со Олимпијакос во борбата за пласман во групната фаза. Тимот од Никозија не им дозволи на Црвено-белите да бркаат трет последователен пласман во групите од најелитното европско натпреварување, кои продолжуваат во плеојфот во Лигата на Европа.

Домаќините го отворија дуелот по половина час игра преку Лифтнер, но Иваниќ не дозволи Ѕвезда да оди со негатива на паузата, па израмни на 1-1 во првата минута од судиското надополнување, што воедно беше и конечен резултат по 120 минути игра.

Во второто полувреме двете екипи имаа по неколку шанси да стигнат до втор и можеби одлучувачки гол, меѓутоа голманите беа на ниво на задачата. Борјан имаше фантастична интервенција во 68-мата минута, оставајќи ги гостите во игра по одличниот Волеј на Бутек.

Во пенал-рулетот двете екипи шутираа без грешка до третата серија, по што Фабијано одбрани два пенали по ред, прво на новото засилување на Ѕвезда, Мачинели, а потоа и на Дегенек, по што Омонија ја искористи првата меч-топка да го обезбеди пласманот во наредната фаза.

- Оглас -

Најнови вести