Го исмејуваше дизајнот на дресот со фустан од сопругата, па си доби подарок оригинал дрес (фото)

Фан на Вулверхемптон јавно го исмејуваше дизајнот на новиот гостински дрес на екипата така што облече фустан од својата сопруга со слични бои врз стариот дрес на Волците.

Шегата на навивачот му пропадна откако му стигна подарок оригинален дрес испратен лично од генералниот директор на премиелигашот, со писмо во кое пишува да го носи новиот дрес наместо да се срами да носи фустани од сопругата.

„Го забележавме вашиот храбар обид да си направите сопствен дрес за сезоната 2020/21 со цветен фустан од вашата сопруга. Со цел да ве спасиме од неизбежен срам и непријатност при облекувањето на истиот фустан на ден на натпревар, се надеваме дека ќе го прифатите нашиот подарок, приложениот нов дрес, и дека ќе го носите со гордост оваа сезона“, пишува во писмото испратено од Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести