Интер во еден ден се ослободи од двајца искусни фудбалери. Антонио Кандрева замина на позајмица во Сампдорија, каде што по завршувањето на сезоната 2020/21 го чека важечки договор до јуни 2024 година, а тимот од Џенова ќе го откупи за три милиони евра.
Претходно Милано го напушти Диего Годин, кој следните три години ќе биде член на Калјари. Годин без обештетување го засили калчолигашот по спогодбата да го раскине договорот со Нероаѕурите.
Годин го загуби местото во првиот тим во вториот дел од минатата сезона и не беше стандарден како претходно, додека пак Кандрева ретко добиваше прилика да игра, и тоа како резерва од клупа.