Горчлив вкус на победата – Чудна повреда на Ребиќ ги исплаши играчите на Милан (Видео)

Анте Ребиќ заработи чудна и тешка повреда на раката, што во еден момент ги исплаши и играчите на Милан. Во 56-тата минута хрватскиот репрезентативец се сопна од ногата на Магалјан и падна на теренот. Веднаш стана, но очигледно беше дека трпи голема болка и дека има сериозна повреда на раката.

Играчите на Милан реагираа панично кога ја видоа положбата на левата рака на соиграчот, кој неодамна потпиша перманетен договор со Росонерите до 2025 година, откако лани играше за нив како позајмен играч од Ајнтрахт Франкфурт.

Милан вечерва го победи Кротоне со 2:0 и ја продолжи импресивната серија од над 20 меча без пораз.

- Оглас -

Најнови вести