Унгарскиот премиер Виктор Орбан се пофали дека верувал во победа на Ференцварош против Молде, па реши и преку интернет да уплати тикет дека унгарскиот првак ќе го совлада Молде и ќе се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите.
Орбан уплати 2.000 форинти, што е околу 5,5 евра. Ференцварош не победи, туку одигра 0-0, но и тој резултат ги однесе Унгарците во ЛШ, па Орбан сигурно не жали што потроши пари во обложувалница. Ференцварош по 25 години пауза, повторно е во европската клупска елита.