Џенова бара да се одложи мечот против Торино: Сите сме во карантин!

Натпреварот меѓу Џенова и Торино кој треба да се игра в сабота, во рамките од третото коло во Серија А, најверојатно ќе биде одложен. Спортскиот директор на Џенова, Даниеле Фаџијано, изјави дека не постои опција како Џенова да го игра следниот меч затоа што сите од клубот се во карантин.

Според протоколот на УЕФА, меч не треба да биде одложен ако клубот има 13-мина здрави фудбалери. Сепак, Фаџијано вели дека тоа е невозможно.

„Сите сме во карантин. Корона-вирусот не сопре. Не можеме да го играме дуелот против Торино дури и да имаме 13-мина здрави фудбалери. Неколку дена не тренираме. Едноставно, мечот мора да се одложи. Ќе најдеме соодветен термин затоа што Торино не игра во европските купови“, објаснува Фаџијано.

Од вкупно 14 члена на Џенова, 10-мина се потврдени како позитивни на корона-вирусот. Засега не се објавуваат имињата на заразените и тоа дали меѓу нив е и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.

Министерката за здравство на Италија, Сандра Џампа, побара да бидат одложени сите мечеви во Серија А и да има двонеделна пауза затоа што според протоколот кои го потпишале клубовите, не смее да се игра ако се зголемува бројот на заразени.

- Оглас -

Најнови вести