Има ли крај, уште тројца играчи на Џенова се позитивни на Ковид-19

Џенова објави дека на вчерашното тестирање за коронавирус, уште тројца нивни играчи имаат позитивни резултати. Станува збор за Давиде Бираски, Доменико Кришито и Даријан Малес.

Сега вкупниот број на заразени во Џенова е дури 22 лица, од кои 17 се фудбалери, а петмина се технички и медицински лица кои работат во клубот. Меѓу нив не е Горан Пандев, кој за среќа, засега има само негативни резултати, и се надеваме дека ќе добие дозвола да ја напушти Италија и да дојде во Скопје за мечот со Косово в четврток.

Во Џенова има вистинска пандемија, најпрвин се заразија двајца, па дури 14-мина, па двајца, и сега тројца. Поради сето ова, одложен беше мечот на Џенова со Торино кој требаше да се игра викендов.

- Оглас -

Најнови вести