Наполи доби забрана да патува во Торино, дербито против Јувентус ќе се одложи?

Наполи доби забрана да патува за Торино во пресрет на дербито против Јувентус кое е закажано за утре навечер. На Апенините се крена узбуна и од сигурно одигрување на дербито, сега се големи шансите истото да се одложи. Имено, здравствената служба на регионот Кампанија му забрани на Наполи да патува во градот на италијанскиот првак поради забележаните позитивни случаи на корона-вирус.

Наполитанците денес потврдија дека младата македонска ѕвезда Елиф Елмас е позитивен на ковид-19, тој е втор фудбалер од тимот на Џенаро Гатузо по Пјотр Зјелински. Во таборот на Јувентус пак, има двајца вработени кои се заразени со опасниот вирус.

За утре беше предвидено ново тестирање во двете екипи, но сега се поставува прашањето дали дербито од третото коло на Серија А воопшто ќе се одигра. Во меѓувреме, се појавија нови информации дека целиот тим на Наполи ќе биде сместен во 15-дневен карантин.

- Оглас -

Најнови вести