Ѓаволски е тешко да си во Манчестер јунајтед – Сега Фернандеш стана проблем

Нова криза во серијата без крај има во Манчестер јунајтед, а англиските медиуми ја подгреваат температурата со сензационални вести дека Бруно Фернандеш е незадоволен и сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Познато е дека по дебаклот од 1:6 против Тотенхем, Португалецот влетал во кавга во соблекувалната на Манчестер, а медиумите од Островот објавуваат дека имало вербален дуел и меѓу Фернандеш и Солскјер.

Наводно големото ланско засилување на Црвените ѓаволи незадоволен од замената на почетокот на второто полувреме, бурно реагирал кон тренерот со забелешки за тактиката на мечот со Тотенхем.

Фернандеш демантира дека имал дуел со Солскјер, но призна дека имал што да му каже на Линделоф.

„Немав никаков вербален конфликт со Оле. Се расправав со Линделоф, но тоа е вообичаена ситуација во секоја соблекувална, сообено по пораз од 1:6. Во таква ситуација јасно е дека има незадоволство. И мене не ми беше сеедно јас да бидам заменет по само 45 минути игра, но тоа сега е веќе минато. Солскјер ми објасни дека мечот веќе беше завршен по 1:4 на полувремето и дека сака да ме поштеди од евентуална повреда“, вели Фернадеш.

Реал Мадрид и Барселона според англиските медиуми чекаат на штрек, Бруно е еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во Европа, па се е можно, дури и да си замине од „Олд Трафорд“.

Манчестер јунајтед му плати на Спортинг сума од 55 милиони евра при трансферот на Португалецот, но има клаузули и за околу 25 милиони евра во бонуси, па може да се претпостави дека за евентуално заминување на 26-годишниот фудбалер ќе бара над 100 милиони евра отштета.

Фернандеш во јануари годинава потпиша пет и пол годишен договор со Црвените ѓаволи.

 

- Оглас -

Најнови вести