Со двата погодоци во победата на Рома од 5-2 над Беневенто, Един Џеко се искачи до четвртото место на вечната листа на стрелците во историјата на Римската Волчица.
Босанскиот голгетер сега брои 108 погодоци, два повеќе од Родолфо Фолк, а пред него се само Амедео Амедеј (111), Роберто Пруѕо (138) и принцот Франческо Тоти со 307 погодоци.
Follow @SBLMedia for more goals. This account will be banned.
Roma [2]-1 Benevento – Edin Dzeko 35' pic.twitter.com/bIW3Ewy52F
— Follow @SBLMedia (@FollowSBLMedia2) October 18, 2020
Џеко прво стрелаше во 35-тата минута за 2-1, а потоа и за 4-2 во 78-мата минута, откако претходно Педро и Верету од пенал погодуваа за домаќините, додека Перес ги постави конечните 5-2 во последната минута од регуларните 90.
Рома врза две победи и дојде до седмото место на табелата во Калчото со седум бода, Беневенто има еден бод помалку на 10-тото место.