Луис Енрике во друштво со најлошите шпански селектори

Репрезентацијата на Шпанија доживува турбулентни неколку месеци откако на клупата застана Луис Енрике. Започнаа со две победи над Хрватска и Англија во Лигата на Нации, ја покажаа и својата моќ против Велс во пријателски меч, а потоа работите тргнаа во надолна линија.

По поразот од 3-2 против „Гордиот Албион“, вчера следуваше нов пораз од „коцкестите“ со идентичен резултат.

Со овој учинок, Енрике се најде меѓу селекторите кои имаат најлош почеток во историјата на шпанската селекција, а според статистиката ја завзема четвртата позиција на оваа неславна листа:

  1. Висенте Миера – Две победи, два порази, едно реми – гол разлика 5:6
  2. Педро Ескартин – Две победи, два порази, едно реми – гол разлика 7:6
  3. Рамон Габилондо, Хозе Луис Коста, Хозе Луис Ласплазас – Три победи, два порази – гол разлика 13:8
  4. Луис Енрике – Три победи, два порази – гол разлика 16:8

 

 

- Оглас -

Најнови вести