Без дилеми, Алиоски е главен за забава во Лидс (Видео)

Езџан Алиоски е резерва на мечот меѓу Лидс и Вулверхемптон вечерва на „Еланд роуд“, но, без резерва, тој е главен за забава кај тимот од Јоркшир.

Македонскиот репрезентативец се пошегува пред камерите при пристигнувањето на стадионот и ја стави маската за заштита од ковид-19 преку очите.

https://twitter.com/LUFC/status/1318244200660557828?s=20

Лидс со победа може да се пробие до делба на третото место со актуелниот првак Ливерпул, што би бил одличен старт на новиот премиерлигаш во новата сезона.

Алиоски од претходните четири меча беше стартер само против Манчестер сити, а вкупно играше 67 минути на три дуели, откако не доби шанса за настап од Бјелса на премиерниот дуел со Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести