Вулверхемптон успеа да победи на „Еланд роуд“ против Лидс со 1:0 со несреќниот автогол на Калвин Филипс во 70-тата минута.
Најдобриот стрелец на Волците, Раул Хименес, упати удар кон голот на Лидс и веројатно немаше да биде опасно за одличниот голман Меслие, но Филипс во последен момент одлучи да помогне и од неговата глава топката го смени правецот и им донесе три бода на гостите.
Езџан Алиоски по вторпат сезонава на петтиот меч не доби шанса да игра и остана на клупата за резерви.
Вулверхемптон има 9 бода по пет кола, а Лидс остана на 7 бодови.