По цели 24 години Португалија повторно ќе организира трка во Формула 1, денеска од 14 часот во Портимао, а гледачите ќе можат да присуствуваат на историски момент, ако актуелниот шампион Луис Хамилтон победи.
Британецот ја има пол-позицијата пред клупскиот колега Валери Ботас и триумф му носи историски резултат и рекордна 92. победа во трките од Формула 1, со што би го претркал легендарниот Михаел Шумахер, кој победи на 91 трка во кариерата.
Ако победи и денеска Хамилтон ќе биде на два чекори до нова титула и со седмица ќе се израмни со рекордерот Михаел Шумахер.
Актуелниот светски првак моментно е и водечки во Генерален пласман со 230 поени, пред Ботас со 161 и Марк Ферстапен, кој е трет со 147 поени.
Токму таков е и распоредот на стартните позиции за денешната трка што ќе почне во 14 часот.
Портимао за првпат ќе организира трка во Ф1, откако претходно, Есторил во 1996 година беше домаќин на најбрзите болиди и пилоти на светот.