Барселона ќе го победи Јувентус во Торино

6014 Јувентус – Барселона (21 ч.)

За жал на Јувентус, домаќините ќе бидат без Кристијано Роналдо, кој уште е позитивен на корона-вирусот. Без Роналдо во тимот, Јувентус е како анемичен на теренот. Иако нема пораз во новата сезона, трите нерешени средби во Серија А даваaт дополнителна несигурност.

Лионел Меси може да има посебен мотив ако се знае дека синоќа претседателот Бартомеу си даде оставка. Долга е листата на мечеви меѓу овие два клуба. Немаат играно три години, а во 2017 година се сретнаа дури петпати. Старата дама има една победа, Барселона се радувала двапати, а два меча завршиле нерешено.

Реално, Барселона има одлична шанса да се радува во Торино, но најтрофејниот италијански клуб сигурно нема да дозволи толку лесно да му биде заземено буништето, но факт е дека домаќините имаат и многу проблеми со одбраната.

Предлог тип: 2 (2.50)

 

6015 Манчестер јунајтед – Лајпциг (21 ч.)

Двете екипи тргнаа со победа во сезоната од ЛШ и со евентуален нов триумф ќе бидат многу блиску до едно од првите две места. Според звучноста на екипите, Манчестер јунајтед треба да е апсолутен фаворит, но Лајпциг покажа дека може да се носи со најдобрите и минатата сезона стигна до полуфиналето од ЛШ.

Бундеслигашот одлично ја започна новата сезона и има шест победи и само едно реми.  И во Манчестер владее оптимизам, но факт е дека имаат ривал за респект.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.95)

 

6010 Краснодар – Челзи (18:55 ч.)

Ова треба да биде еден од најизвесните дуели затоа што гостите се големи фаворити. Домаќините имаат неколку повредени играчи, но и Челзи не игра сјајно, посебно ако се знае дека последните два меча ги одигра 0:0.

Краснодар не е типичен руски тим, па во последните 11 меча, дури на 10 постигнува гол, но реално домаќините нема да имаат можност да се спротистават на гостите од Лондон.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

6016 Севилја – Рен (21 ч.)

Двете екипи се во криза и победиле само по еднаш во последните пет средби. Севилја на четири од тие пет меча играше 0 до 1 гол, а еднаш само паднаа два погодоци. И Рен не е клуб кој игра со многу погодоци, што е нормално за еден тим од Франција.

Првпат ќе играат меѓу себе, а домаќините се фаворити за освојување на трите бода.

Предлог тип: 1& 0-3 (2.07)

 

6011 Борусија Дортмунд – Зенит (21 ч.)

Неславно започнаа двата тима и се без бодови по првите мечеви од групната фаза. Борусија Дортмунд ја сметаат како еден од фаворитите дури и за висок пласман, но ако вечерва не победи, можно е Милионерите воопшто да не ја видат магијата наречена нокаут-фаза.

Пред шест години играа во нокаут-фазата од ЛШ и во двете средби победуваа гостите, а на крајот Борусија благодарение на еден гол повеќе даден на гости, се радуваше на место во следната рунда. И сега Борусија е со поголеми шанси да игра во следната рунда, но Русите без проблем може да парираат едно полувреме.

Предлог тип: Х-1 (4.40)

 

- Оглас -

Најнови вести