Јуве со распарчена одбрана ќе ја пречека Барселона, а Роналдо…

Јувентус – Барселона е средбата која со нетрпение се чекаше со оглед на тоа дека по подолга пауза на теренот, ќе се соочат двајцата најдобри фудбалери во изминатива деценија и пол. Кристијано Роналдо во меѓувреме се зарази со корона-вирусот, по што изминативе десетина дена ги помина во самоизолација.

Тренерот Андреа Пирло на денешната прес-конференција потврди дека се чекаат резултати од тестот за ковид-19, по што ќе се знае дали Кристијано утре ќе излезе на теренот против Меси и Каталонците во случај да биде негативен. Но, полоша вест од евентуалното отсуство на Португалецот е што Старата дама со некомплетна одбрана ќе ја дочека Барса.

Капитенот Кјелини и Де Лихт дефинитивно нема да бидат во комбинација, додека зелено светло за настап на Бонучи ќе се чека до утре, пред почетокот на големото дерби.

„Докторот не му одобри на Де Лихт да игра, па заедно со Кјелини отпаднаа од комбинација, додека Бонучи ќе се обиде да биде подготвен до утре. Што се однесува до настапот на Роналдо, чекаме резултати од тестовите кои можеби ќе ги дознаеме уште вечерва“, истакна Пирло.

Единствен здрав стопер е Мерих Демирал, па ќе биде интересно да се види како Пирло ќе ја скрпи одбраната доколку Бонучи не собере сили да го издржи натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести