Пандев со првокласна асистенција, но недоволно за Џенова да се спаси од пораз (видео)

Горан Пандев во улога на џокер од клупата не успеа да ја спаси Џенова од пораз на домашен терен при конечни 1-2 против Торино. Капитенот на македонската репрезентација ги одигра вторите 45 минути од заостанатиот меч од третото коло, кој се одложи за денес по активни случаи на ковид-19.

Пандев со одличната асистенција до Скамака придонесе за домаќините да намалат на 1-2 во третата минута од судиското надополнување, по што немаше време за евентуално реми.

Гостите од Торино до 26-тата минута на двапати ја затресоа мрежата на Џенова, прво Лукиќ погоди во 10-тата минута, а потоа Пелегрини си постигна автогол.

Пандев влезе на местото на Голданига, што значи дека тренерот Маран комплетно ја промени формацијата и тргна поофанзивно во второто полувреме, меѓутоа не се избегна третиот пораз по шест кола во Серија А.

Инаку за Торино ова е прва победа сезонава, па сега заостанува еден бод за Џенова, која стои на 17-тото место со пет бода.

- Оглас -

Најнови вести