Нани со плачење си замина од теренот поради судиската одлука (Видео)

Поранешниот португалски фудбалер Нани се најде во центарот на вниманието откако доби црвен картон на дуелот меѓу Орландо и Колумбус. Нани е капитен на Орландо, а на последниот меч играше само до 54-тата минута, кога беше исклучен.

По една акција, Нани обидувајќи се да сочува една топка пред противникот, невнимателно стартуваше врз топката, но истовремено удри и еден од противничките играчи. Судијата досуди фаул за Колумбус, а Нани заработи жолт картон. Подоцна арбитерот доби сигнализација да го провери стартот со ВАР-технологијата, а по гледањето на повторената снимка, Нани заработи црвен картон.

Нани не можеше да верува во оваа одлука и со солзи во очите го напушти теренот. За среќа на Нани, Орландо и со играч помалку стигна до победа од 2:1.

Некогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед во МЛС во Орландо пристигна во февруари минатата година. Во 55 настапи, даде 19 погодоци досега. Во кариерата има настапувано и за Спортинг, Фенербахче, Валенсија и Лацио.

Во дресот на португалската репрезентација, Нани на 112 меча постигна 24 погодоци.

https://twitter.com/i/status/1324296163902763008

 

- Оглас -

Најнови вести