Баерн гази сѐ пред себе, а тренерот Флик најде забелешки

Со по 15 бодови од првите шест кола, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се на делба од првото место во германската Бундеслигата. Утре попладне Борусија на свој терен го дочекува Баерн Минхен, а тренерот на гостите Ханс-Дитер Флик има забелешки во дел од играта на германскиот и европски првак.

„Сакаме на мечевите кои следуваат да ја подобрите играта во одбраната и да примаме што е можно помалку голови. Дуелот против Хофенхајм кога примивме четири гола е доказ дека не функционираме како што треба. Во одбраната мора да се подобриме“, вели Флик.

На осум од последните 11 меча кои Баерн го одигра во сите натпреварувања, баварскиот гигант прими барем еден гол. Во изминативе шест месеци, германските гиганти играа два пати и во двата случаи Баерн излезе како победник (1:0 и 3:2).

 

- Оглас -

Најнови вести